| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Стоилковиќ за „Политика“: Заев ја врати Македонија во деведесеттите

Судбината на српскиот народ во Македонија ќе зависо од нашата досегаѓна и идна способност да ги одредиме основните начела на националната политика и да воспоставиме национално единство за нејзино остварување, пишува Иван Стоилковиќ, претстедател на Демократската парија на Србите во Македонија, за „Политика“ во Тема на неделата „Положбата на Србите во регионит“.
Сепак, констатира Соилковиќ, позицијата на Србите во Македонија во однос на Србите во регионит денеска е малку понезавидна, зашто во оваа држава, на мала врата, се вратија „деведесеттите“.

Така, Македонија, за жал, како и во деведесеттите години, повторно станува „сигурна куќа“ за секој антисрпски гест и акција – рамо до рамо со Загреб и Тирана, олеснувајќи го на тој начин преземањето и зацврстувањето на својата намесничка власт и извршувајќи ги преземените обврски кон своите покровотели.

Во таа ситуација што и да се случи, особено ако е лошо, најлесно е да ги повикате Србите и да ги „испеглате“ грешките на сопствената политика, ја отсликува политиката на нивата Влада Стоилковиќ.

„Проблемот настана со Тиранската платформа околу која се обедини сегашната владејаќка коалиција. Нашата политичка оцена беше дека Тиранската платформа е исклучително сериозна поддршка на проектот за Голема Албанија,, кој во основа и е јадро на антисрпската политка на Западот на Балканот. Затоа што токму преку актуализација на албанското прашање, се отвора нов простор за понатамошни политички протисоци на Србите и на Србија и се изнудуваат политички отстапки на наша штета. За нас е особено неприфатлив делото во Тиранската платформа кој предвидува Собранието на Република Македонија да усвои резолуција за геноцид над Албанците од 1912 до 1955 година. Генерално, Тиранската платформа нуди систем на решенија кои ќе бидат во интерес само на албанската заедница во Македонија, а на штета на Србите и сите останати, вклучувајќи ја и самата држава, и таа само ќе го поттикне развојот на паралелни уредувања се до дезинтеграција иако добар дел од јавноста се труди да ја држи главата во песок за ова прашање“, пишува во текстот на Стоилковиќ.

Србите во Македонија, појаснува Стоилковиќ во текстот „Македонија се врати во деведесеттите“, во последните десет години станаа значаен политички чинител во македонското општество.

„По наша заслуга Свети Сава е прогласен со закон за национален празник на Србите во Македонија. Исто така, со закон формиравме Агенција за права на заедниците, се изборивме српскиот јазик да биде прогласен за службен во три општини: Куманово, Чучер-Сандево и во Старо Нагоричане. Поставивме споменик на цар Душан во неговата некогашна престолнина, реализиравме проект за обнова и заштита на споменикот на Зебрњак и многу успешно организиравме одбележување на стогодишнината од Кумановската битка. Во последните неколку години ја зголемивме застапеноста на Србите во државните институции за повеќе од една третина, но исто толку е значајно да се спомнат и неуспесите. Посебно ќе го издвојам нашиот неуспех во врска со информирањето на српски јазик.“

Столковиќ нагласува дека во оваа фаза од развојот на спрскиот национален корпус во Македонија и во целиот регион потребна е институционално организирана, целисходна и системска поддршка на Србите од страна на матичната земја.

Тој повикува Србите да ги збијат редовите и да стават точка на импровизацијата ида воспостават стратешки принципи за одбрана на српскиот народ во регионот.

„Затоа декларацијата што ја најавуваат претседателите на Република Српска и на Република Србија, Милорад Додк и Александар Вучиќ, треба да биде темел за зачувување на иднината на нашиот народ“, завршува Стоилковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top