Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево, во реакција на прес-конференцијата на Петре Шилегов, наведува дека членот 8а од Изборниот законик е многу јасен, не дозволува продолжување на постапките од распишување до одржување на изборите.
– Постапките кои се почнати се ставаат во мирување додека не завршат изборите. Ова е многу јасно и концизно наведено во Изборниот законик кој што беше донесен со консензус од сите политички партии, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, одговорноста за динамиката на работа на Собранието на Република Македонија е кај парламентарното мнозинство, а не кај опозицијата.
– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ не се криви за тоа што парламентарното мнозинство и СДСМ не го виделе овој закон и не го познаваат законодавството во Република Македонија, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ дополнува и дека Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом не смее да дозволи да се кршат законите и Уставот само за нечии, како што наведува, лични или партиски интереси.
Петре Шилегов денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека лаже оти разрешувањето на Јавниот обвинител е незаконско и е уште еден очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата во Собранието и да ги закочи рефомите во судството.
Според него, процедурата за разрешување на Зврлевски е во целост законска и транспарентна, особено што Собранието е законодавна, а не извршна власт. Тој воедно, ги оцени за залудни сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата на Собранието и да ги кочи реформите што, вели, добиле поддршка од мнозинството граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


