| четврток, 6 декември 2018 |

Стамов: Секое населување на бегалци и мигранти ќе значи силно демографско поместување во општина Дојран

Општина Дојран беше на удар од мигранскиот бран во 2015. година, истакна градонацхалникот на Дојран, Борче Стамов на денешната собраниска комисија.

Тој посочи дека во екот на мигрантската криза низ опсхтината поминувале групи од по 50, 60, 100 луѓе, претежно мажи, и оти доколку решеле да направат проблеми, полицајците во општината не би можеле да се справат со нив.

Потсети дека за време на косовската мигрантска криза предвидено било одморалиштето Титови пионери да биде пренаменето за нивно вдомување, на што месното население се кренало на протести и не дозволило тие да се вселат.

Стамов истакна дека Дојран е можеби најмалата општина во Македобија со околу 3000 жители.

-Секое населување на бегалци и мигранти ќе значи силно демографско поместување во општината, појасни Стамов.

Истакна дека бегалската криза не била предизвикана по вина на РМ, ниту РМ може да ја реши, па побара Македонија да остане транзитна зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top