| четврток, 6 декември 2018 |

Надал откри зошто не сака да има деца

Петнаесеткртниот грен слем шампион откри зошто во моментов не сака да стапне на лудиот камен како Новак Ѓоковиќ и Енси Мареј и да создаде семејство. Тој е дециден дека по крајот на својата кариера ќе формира семејство, иако подолго време е оддаден на една жена – Марија Франсиско Переjо.
Поранешниот светски тениски рект број еден Шпанецот Рафаел Надал, никогаш не зборувал премногу за својот приватен живот, но пред настапот на мастерс турнирот „Роџерс куп” одлучи да се отвори пред светските медиуми и си кажа што му лежи на душата.

Петнаесеткртниот грен слем шампион откри зошто во моментов не сака да стапне на лудиот камен како Новак Ѓоковиќ и Енси Мареј и да создаде семејство. Тој е дециден дека по крајот на својата кариера ќе формира семејство, иако подолго време е оддаден на една жена – Марија Франсиско Переjо.

Надал (30) смета дека постојаните патувања со деца воопшто не се пријатни.

Со задоволство би имал деца – момчиња, девојчиња. Јас сум семеен човек кој ги сака децата. Но, реалноста е дека годините си поминуваат, а јас сакам да почнам да го правам сето тоа, кога спортската кариера ќе ми заврши. Мислам дека најважна е грижата за децата. Не знам дали постојаните патувања кога си родител се корисни, му кажал Надал на својот пријател Хуан Монако, кој работи како новинар, откако неодамна стави крај на својата кариера.
Шпанецот е единствениот претставник на големата четворка, кој се уште не станал родител. Федерер има два пара близнаци, a Мареј и Ѓоковиќ го очекуваат второто дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top