| четврток, 6 декември 2018 |

„Информер“: Доказ дека Башановиќ дефинитивно стана Башановски

Зоран Башановиќ, поранешен естраден менаџер, поранешен член на управата на ФК Црвена Ѕвезда и поранешен моќник, дефинитивно стана Башановски.
Имено, стана вистина она што Информер веќе го најавуваше.
-Башановиќ по којзнае кој пат ја продаде верата за вечера и официјално стана специјален советник на Зоран Заев.-Како што може да се види на фотографиите, Башановиќ застана со албанскиот платеник Заев, кој да потсетиме на власт дојде прифаќајќи ги сите албански уцени, вклучувајќчи ја и Тиранската платформа-пишува Информер.
Од друга страна Башановиќ не е единстевен кој потрча кај Заев кога овој ја превзеде премиерската фотелја во Македонија.
-Пред него тоа го направи и доскорешниот директор на ЕПС, Александар Обрадовиќ кој зема и македонско државјанство, надевајќи се на место директор на ЕЛЕМ.Сепак плановите на Обрадовиќ се изјаловија после острите критики на македонската опозиција – пишува Информер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top