ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот Драган Тевдовски и пратениците на СДС да го поддржат предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор за 5%. Тоа е за војската, полицијата, вработените во здравството, во образованието, во јавните претпријатија на локално и државно ниво односно на општинско ниво, истакна на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчев истакна дека бараат да се зголемат платите во Република Македонија за 5%.
–Ветувањата на СДС со кои дојде на власт за просечна плата од 30.000 денари подразбира секоја година, четири години по ред, секоја година платите да растат најмалку 10%. А, тука, кога имаме конкретен прв предлог, прв предлог на закон зголемување на платите од 5% тој прелог веднаш се одбива. Не е доцна. На комисијата за труд и социјална политика го изгласавме зголемувањето на платите. Ги надгласавме и прегласавме пратениците од СДС. Сега тој предлог ќе дојде на пленарна седница, вели Ѓорчев.
Тој додава заеднички да се поддржи зголемувањето на платите во јавниот сектор и едноставно да има подобрување на економската состојба во Македонија, јавната потрошувачка и едноставно подобар животен стандард за граѓаните.
Во изминатите години владите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски покажаа и докажаа дека платите можат да растат, исто така и пензиите. Додека беше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и платите и пензиите редовно растеа, а сега секоја ваква иницијатива во старт е одбиена, додава Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


