| четврток, 6 декември 2018 |

На Водно ноќе никако!

ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје упати апел за изебгнување на ноќна посета на шумата „Водно“ поради опасност од пожари.

– Апелираме до граѓаните, поради високите температури што следат наредните денови, и опасноста од евентуални пожари, да избегнуваат ноќна посета во парк – шумата “Водно“. Истовремено, замолуваме да се избегнува фрлање на отпушоци, правење скара на отворено и сите останати дејствија што се потенцијална можност за настанување пожари, се наведува во соопштението од ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top