| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на починатите од хеморагична треска ќе добијат 180.000 денари оштета

Семејството Мифтари од гостиварска Симница, кое минатата недела доживеа трагедија, откако двајца нивни членови починаа од последиците предизвикани од хеморагична треска, доби финасиска помош од општина Гостивар.

На последната 39. седница на Советот на општина Гостивар, беше изгласана предлог одлуката за доделување на 180 илјади денари, како помош на ова семејството од Симница.

Таткото и синот починаа минатата недела на Инфективната клиника во Скопје, а анализите потврдија дека биле инфицирани од хантан вирус – вид кој предизвикува хеморагична треска. Сé уште не е познато на кој начин двајцата симничани се заразиле.

Министерството за здравство информираше дека во нивниот дом, бачилото каде што одгледувале овци и во околината на селото е извршена дезинфекција и дератизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top