| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ќе се осмели да работи, нека се чува од молњи – утре е голем празник

Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, често повлекувајќи се на пусти места.

Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија. Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.

Пророк кој пали и гаси на небото и земјата.
Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.
Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо.

За овој празник се врзани многу народни обичаи. Во некои краеви обичај е да се јаде мед и обравчињата на децата да се мачкаат со мед за да бидат весели и здрави.

Свети Илија, паѓа во најсушниот и најтопол период во годината, и обичај е на овој празник да не се работи во поле, за да не се навлече гневот на светителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top