| четврток, 6 декември 2018 |

Во Загреб потпишана и подржана декларација за борба против хепатитис

Хепар Центар Битола и Министерството за Здравство ја потпишаа и подржааа Декларацијата за регионална соработка за елиминација на Хепатитот до 2030 година во Загреб на регионалниот состанок посветен на процесот за елиминација на Балканот, земјите од југо-источна Европа и Израел.

Декларацијата е подржана и потпишана од 12 држави земји учеснички и нивните претставници од различните институции како и  ЕЛПА -European Liver Patients Association (Хрватска, Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Унгарија, Израел,Црна Гора , Словенија и Косово)
#NOEXCUSE FOR #NOhep одржаниот состанокот во Хрватска беше под покровителство на претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ на кој зaедно учествуваа земјите од регионот како и WHO EURO-Светската Здравствена организација Европски регион, European Centre for disease Prevention and Control an agency of the European Union , World Hepatitis Alliance and -European Liver Patients Association.
Декларацијата ќе се промовира  денес на 28 Јули 2017 на светскиот ден за Борба против Хепатитот во 11 часот во Центарот за Култура во Битола каде воедно ќе се одвива бесплатно и анонимно тестирање за Хепатит Ц и крводарителска акција, воедно се продолжуваат активностите на познатат улица широк сокак со делење на едукативни брошури а денот го завршуваме со музички хепенинг за намалување на стигмата против овие заболувања на плоштадот магнолија во Битола со почеток од 21 часот.
Хепар Центар Битола своите активности ги продолжува во туристичките центри Охрид и Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top