| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски манифест: НЕ Талат Џафери во Крушево на 2 Aвгуст

 

Македонскиот манифест најостро протестира против одлуката на Владата на Република Македонија, нелегално избраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, да присуствува и да одржи говор на Мечкин Камен на 2 август. Сметаме дека тоа е уште еден перфидно смислен обид до крај да се понижи македонскиот народ, кој за жал за име на вистината, се уште нема доволно собрано сили да излезе од под мората со која го притиснале и решително да и се спротивстави на суровата девастација на неговиот национален суверенитет и идентитет во што штедро учествува и албанската политичка елита кај нас. Посебно политичарите регрутирани со американска и западна помош, припадници на терористичката ОНА во крвавата 2001, која беше еден вид нивна благодарност за тоа што Македонија и Македонците две години пред тоа им пружија засолниште на околу 400.000 албански бегалци од Косово, кои бараа спас пред налетот на Милошевиќ и НАТО-бомардерите од кои, иако нивни пријатели, не беа ни тие поштедени.

Раните од албанскиот тероризам врз Македонците во 2001 сѐ уште не се залечени. Кој знае и дали во скоро време ќе се залечат. Затоа не е добро да се дотура сол на нив. Доволно им е. Затоа и Талат Џафери нека си седи дома, оти тој е еден од терористичката елита на ОНА од 2001, вмешани во подготовките и на еден од најѕверските масакри над Македонците во историјата на нивното мартирство – Вејце. Премиерот Заев кој исто така учествуваше во понижување на македонскиот народ со неговиот, планиран за тоа од странските менаџери и од него лично, настап пред албанската дијаспора во Берн, Швајцарија, треба да го знае тоа и да го советува својот собраниски претседател да си седи дома, за да не го валка еден од најсветлите датуми на македонската историја. Факт е дека имало и Албанци во Илинденското востание, ако мисли на тоа Талат Џафери, но тие не биле терористи како него и Ахмети, туку заеднички го споделувале космополитскиот дух за културен натпревар на народите(Гоце Делчев) и за општо братство и единство со Македонците. За жал, пак, Џафери, Ахмети и ними сличните со нивниот стеснат ум и душа се многу далеку од тој дух.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top