| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за убиство во „Бар код“ во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава за А.И. (40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела обид за убиство и  недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Пред два дена во угостителскиот објект „Бар код“, пријавениот почнал вербална расправија со обезбедувањето на објектот, по што бил исфрлен од објектот, а откако паднал на асфалтната површина, извадил пиштол што го поседувал без дозвола и испукал еден куршум во воздух, а при обид да биде спречен во намерата, испукал уште еден куршум со кој го погодил А.М.(35)  од село Гајре во пределот на левата потколеница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top