
Најдобриот тенисер на Србија Новак Ѓоковиќ нема мир од англиските медиуми.
Ѓоковиќ е повторно на удар на печатот кој му сместува нова љубовна афера, овојпат со секси готвачката на сестрите Серена и Венус Вилијамс.
И тоа во момент кога игра повеќе од одлично на Вимблдон.
Лорен вон дер Пул демантирала било каква љубовна афера со Новак и јасно прецизирала дека се работи за добар пријател.

-Новак е многу добро момче, многу згодно. Само му помогнав околу неговата исхрана и сакав да успее во тоа, ништо друго. Тој е мој голем пријател. Јас сум личност која не би влегувала во романса со него- рекла таа.
Новак и Лорен се запознале 2012 година кога му давала совети за вегенската исхрана.
На основа на нивните заеднички фотографии поедини медиуми извеле заклучок дека токму поради атрактивната црнка, Новак влегол во проблеми со Јелена, пред нешто повеќе од еден година. Според наводите, Јелена и Новак биле на ивица на развод, но двајцата тоа повеќе од успешно го демантираа.
Без сомневање, англиските медиуми навалија на Новак поради неговата добра игра на Вимлдон и фактот дека полека се враќа во старата форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


