| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ќе се нацрта да отвори уште една фабрика што ние ја донесовме

Чекајки ги инвестициите од газда Самка, од Шапуриќ и и од мега експертот за странски инвестиции Рамиз Мерко, Заев доаѓа на настани каде се пуштаат во употреба фабрики кои ние ги убедивме и донесовме инвеститорите, како Џонсон Контролс во Струмица кој ќе вработи најмалку 1500 луѓе, и со кого преговарав во владата во исто време кога на 5-ти мај 2015-та, хулиганите на СДСМ тепаа и повредија 40 полицајци пред владата, во исконструиран – лажен настан дека некој прикривал некое убиство, истакна Груевски во своето денешно обраќање на 26-годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– И нема да се изненадам ако задутре, во вторник, Заев се нацрта во Прилеп на камен темелник на нова фабрика од Германија за производство на производи за кујна, кафемати и слично, која само во првата фаза ќе отвори околу 1000 нови работни места, а во следните две фази ќе стигне до 3 илјади вработени, и која министерот од владата на ВМРО – ДПМНЕ Бил Павлески ја донесе, и заедно со него ги убедувавме да инвестираат во Македонија, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top