| четврток, 6 декември 2018 |

Марјана и Росана повторно запеаја заедно – Росана и Трупче станаа баба и дедо


Вчеравечер во еден скопски ресторан се случи свадбената веселба на ќерката на поранешната пејачка Росана Сариќ Тодоровска и актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, Ивана, која стапи во брак со Англичанецот Џејмс.

Среќната тетка Маријана за големиот ден на својата внука допатува од Австралија, па после повеќе години се сретна со своите роднини, пријатели и секако сестра си Росана.

Многу невести и младоженци на своите свадби сакаат да го слушнат евергринот на близначките „Признавам“, а тие специјално за својата ќерка и внука после многу време повторно застанаа заедно на сцена и направија атмосфера за паметење – пишува Курир.

Фотографиите од овие посебни моменти за нив, гордата тетка ги објави на социјалните мрежи, а пак Росана и Трупче и официјално станаа баба и дедо на својата единица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top