| четврток, 6 декември 2018 |

Верувања: Избркате ја несреќата со прстен

Од дамнешни времиња прстенот се смета за амајлија и за симбол на моќ. Постојат многу симболи што на прстенот можат да му донесат среќа и да му дадат заштита од опасности и животни несреќи на тој што го носи. Ако носите ваков украс, тогаш треба да знаете колку енергија се наоѓа во него.

srecna-zena-1452961306-77546

Според старите верувања, прстенот наследен од мајката има силна магична заштита. Тој може да штити од злото и да помогне во решавање на сложени животни проблеми. Се сметало дека прстенот може да привлече  љубов и среќа како и да заштити од непријателите и луѓето кои му завидуваат на оној кој го носи. Ако прстенот преминал од генерација на генерација тој има силна енергија во него. Овој украс не може да се пренесе на некој кој е во сродство со неговиот претходен сопственик, бидејќи може да предизвика неволји. Токму затоа мајките ги давале на снаите, а снаите на нивните снаи.

depresija-1453640518-78250

Ако имате прстен од некој не е повеќе помеѓу живите и го носите како украс, тој во себе носи мртва енергија што пак може да направи пречки и негативно да влијае врз лицето кое го носи. Пронајден прстен не би требало да го земате затоа што тој во себе има непозната енергија која може лошо да влијае врз оној кој го пронашол прстенот и го ставил на прст. Прстените кои ги размениле младоженците на венчавката, се смета за симбол на единство и љубов. Тие се дизајнирани така за да ги заштитат семејниот живот од сите неволји.

prosidba-1449518233-74352

Ако се изгуби свршеничкиот прстен, тоа најавува скоро разделување од саканата личност. Се верува дека е лош знак ако за време на церемонијата на венчавка падне прстенот. Се верувало дека  ова предвидува брз развод или смрт на еден од сопружниците. По разводот во ниту еден случај не треба да се носи венчалниот прстен инаку може да останете сами засекогаш. Исто така ќе привлечете лоша енергија доколку носите прстен со пукнатини или недостатоци.

rings2

Ако прстенот го изгуби својот изворен облик тоа значи дека ја загубил својата моќ. Тој не може да донесе ништо добро така што е подобро да не го носите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top