Тони Блер, поранешниот британски премиер, прифатил да биде советник на идната влада на Албанија, доколку власта на изборите овој месец ја освојат социјалистите на Еди Рама.
Според анкетите, албанската Социјалистичка партија се очекува да ги добие овие избори заради поддршката од искажаните 49 проценти на новите анкети.
Работата на Блер би била да ги пренесе искуствата од реформите кои ги направија лабуристите кои три пати едноподруго ја добија власта од 1997 до 2005 година.
Блер досега ваква улога имал и во Бразил, Колумбија, Казахстан и во Кувајт. Во 2007 година тој ја формира компанијата за консултации на странски влади во која се и поранешниот шеф на кабинетот Џонатан Пауел и директорот за комуникации и спин-доктор Алистер Кемпбел. Всушност, според британскиот „Дејли телеграф“, Кемпбел ги отворил контактите со Рама, за време на промоцијата на неговата книга во Тирана во февруари годинава.
Се претпоставува дека услугите би чинеле милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


