| четврток, 6 декември 2018 |

Владиката Петар од МПЦ: Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева!

Да внимаваме во каков дух ќе ги воспитуваме идните генерации, дали ќе ги учиме на вистинските вредности или на нешто друго, апелираше денеска Владиката Петар од дворот на манастирот Свети Јован Крстител во селото Слепче на отворањето на демирхисарското културно лето.

– Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева, рече Владиката Петар.

Тој посочи дека тоа силно ќе се одрази на вредносниот систем на младите.

Со понудата на еднополовите бракови, се губи значењето на бракот и на Запад каде што односот кон ваквите прашања е полибирален сепак се наоѓа начин да се постави граница, истакна Владиката Петар наведувајки ја како пример Ангела Меркел и нејзиното одбивање да гласа за еднополови бракови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top