По години минати на бојното поле во една од најобучената едница во светот, американските морнарички фоки, Кристин Бек вели дека открил што сака да биде.
– Сакам да го живеам животот. Се борев 20 години за мојот живот, за слобода и за среќа. И јас сакам малку среќа во животот – вели Бек во интервју за „Си-Ен-Ен“ опишувајќи се како трансџендер, т.е. себеси се доживува како жена заробена во погрешно тело.
Сега „тој“ се идентификува како „таа“ и пишува книга за искуството во животот под наслов „Принцезата воин – патот на морнаричката фока до трансџедер“.
Бек бил во 13 странски мисии во Босна, Авганистан и во Ирак и во текот на нејзината воена кариера била наградена со два медала – бронзена ѕвезда и виолетово срце. За првпат сфатила дека се чувствува како жена во средно училиште, но јавно никогаш не го признала тоа сѐ до напуштањето на армијата во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


