Дека сѐ уште постојат чесни луѓе сведочи оваа фотографија од банкомат во Загреб, Бузин.
Една жена од Загреб во групата “Зошто го сакам Загреб” (/Zakaj volim Zagreb) на социјалната мрежа Фејсбук објавила фотографија од една необична сцена која ја дочекала на банкоматот, а која сведочи дека меѓу нас сѐ уште има чесни луѓе – луѓе за пример.
Човекот кој бил пред неа на банкоматот нашол пари кои некој ги заборавил откако ги извадил. Наместо едноставно да ги стави во џеб и да си замине – како што би направиле многумина алчни луѓе, тој напишал белешка и го оставил бројот на својот мобилен телефон.
Овој потег е навистина за пофалба. Никогаш не можеме да знаеме за што му се потребни парите на човекот кој ги изгубил, но едно сигурно знаеме – не би сакале да се најдеме во негова кожа. Нема подобро чувство од тоа да знаеш дека си му помогнал на некој и си направил добро дело. Можеби, сепак, подобро е чувството некој да ви ги врати вашите пари откако сте ги изгубиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст