| четврток, 6 декември 2018 |

Уништено е едно кумство, пропаднаа два брака-поранешниот на Соња ја предвиде судбината на нејзината љубов со Лукас

Старата изрека вели, „колото на среќата се врти“ и тоа е некако најприменливо на примерот на љубовниот живот на Аца Лукас. Откако своевремено напушти две жени, а потоа се ожени со поранешната жена на својот пријател и кум Жељко Шашиќ, Лукас сега одлучи да стави точка на бракот со Соња.

Кој тука всушност губи, а кој добива?Шашиќ беше тој што пред неколку години изгуби многу нерви и љубов, бидејќи неговата сопруга очигледно повеќе љубов и внимание добиваше од Лукас. И тоа, ако се суди според најновата одлука за развод на Аца, го изневерила.

Неодамна Лукас зборуваше дека без помош на својата Соња не би излегол на вистинскиот пат.

-Мене таква жена ми е потребна. Жена која гризе. Кога нешто сака и зацрта, тоа мора да го направи-изјави Аца своевремено, очигледно не насетувајќи дека Соња и премногу гризе.

Тогаш Соња потврдила дека Аца е главата на куќата, а таа вратот.

-Јас мојот добро го обезбедив-нагласила Соња низ смеа.

Денеска ретко кому е до смеа. На Соња која е оставена веројатно не и е, а на Лукас уште помалку. Можеби единствено Жељко задоволно ги трие своите раце некаде, а можеби оваа приказна и него допира, со оглед на тоа што тој одамна ја посочуваше Соња како прељубничка. Можеби оваа приказна на крај ќе биде среќна за двајцата поранешни пријатели, а и за жената која беше фатална за двајцата. Допрва следува да се види развојот на оваа фолк теленовела, односно да се види со кого следен ќе биде Соња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top