| четврток, 6 декември 2018 |

Впечатоците се свежи-ова е кралицата на модното промашување која го украде шоуто на Вучиќ

Инагурацијата на Вучиќ се уште е главна тема во медиумите и денови откако се тргнаа белите шатори и се собраа остатоцоите од 6.000 килограми месо кое не успеаја да ги изедат околу 7.000 гости кои ги прошетаа свечените тоалети. Некои посвечени, некои помалку свечени

 

Сепак една дама отиде чекор понапред  и го украде шоуто. Социјалните мрежи беа преплавени со коментари, фотографии и фотомонтажа на оваа дама и скоро да нема корисник на интернет во Србија кој барем на момент не фрлил поглед на русокосата во црвен фустан со гол грб, преку кој се протега градник.

 

Сега и нејзиниот идентитет исплива на површина. Во прашање е Соња Кокотовиќ, програмски директор на РТВ Војводина и некогашна главна уредничка на забавно-музичката програма на РТВ.

На социјалните мрежи има и такви кои оваа менаџерка во медиумите, се обидуваат да ја одбранат, наведувајќи дека сигурно планирала да носи палто цело време.

Сепак со оглед на тоа ако се земе во предвид дека матеоролозите за тој ден најавуваа пеколни горештини, тешко дека може да се најде оправдување за ваквиот моден гаф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top