| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ по повод Рамазан Бајрам

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ упатија честитка по повод празникот Рамазан Бајрам на поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема Хаџи, Сулејман Ефенди Реџепи, на членовите на Ријасетот и на сите останати припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

– Овие празнични мигови поминати во радост, мир и благосостојба се и мигови кога имаме можност уште повеќе да ги зацврстиме и унапредиме нашите долговековни принципи на градење соживот, меѓусебно разбирање и толеранција, но и мигови кога можеме да ги истакнеме традиционалните вредности на заедништвото и хуманоста помеѓу луѓето кои живеат во нашата татковина, Република Македонија, наведуваат во честитката.

Додаваат дека со празнувањето и почитувањето на меѓусебните верски и културни посебности покажуваме дека сакаме цврсто да чекориме по вистинскиот пат кој ќе ни даде сила и мотив да продолжиме да градиме силни врски на меѓусебна соработка и соживот. Само на тој начин, посочуваат, ќе успееме да создадеме вредности и дела за идните генерации за да можат успешно и сигурно да продолжат да се движат по патот кој ќе ја гарантира нашата заедничка цел и заложба, а тоа е успешна, силна и просперитетна Република Македонија.

Во духот на овие вредности, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници од исламска вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рамазан Бајрам и им посакува овие празнични мигови да ги поминат во мир, спокој и хармонија во кругот на своите најблиски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top