Во гостувањето во вестите на телевизија Алфа, аналитичарот Александар Пандов зборуваше за посетата на Зоран Заев во Бугарија. Тој кажа дека е добро да се потпише договор за добрососедските односи, но барањата кои Бугарија ги има во тој договор според него ги погодуваат најчуствителните национални интереси на Република Македонија и Македонците како народ.
-Воопшто никој во Република Македонија нема проблем со тоа што ете господинот Заев се обидува да потпише некој договор, со Бугарија во дадениот случај за добрососедство. Тоа е пракса и за другите земји и тоа е добро, ние таков договор еднаш имаме потпишано со Бугарија, но проблемот во овој момент, околу посетата на господинот Заев и договорот кој што го најави дека ќе биде потпишан 2 август е во тајноста на договорот. Причините зошто досега не бил обновен тој договор, е зошто Бугарија има барање кон македонската држава и влада, во дадениот случај сега оваа на Заев, кои што не можат да се исполнат. Односно барања кои што реално влегуваат во најчуствителните национални интереси на Република Македонија и на Македонците како народ, изјави Пандов
Тој го искоментира и потегот на Заев каде што се поклони пред споменикот на Цар Самоил, каде пишува дека тој е бугарски цар. а македонскиот народ, за македонските граѓани и за нас кои сме како луѓе растени во Македонија Цар Самоил е се, не е само бугарски цар, туку е македонски цар, има свое царство се нарекува Самоилово царство. Преку таа постапка Бугарите покажуваат дека единствено нешто што имале намера во тој случај е да го понижат, да го навредат македонскиот премиер, како тој се поклонува на бугарски цар, кажа Пандов.
Добрососедски односи да имаме, претпоставувам не само јас, било кој во Македонија, ние како граѓани, како народ сме луѓе кои сакаме да имаме добри релации со луѓето, посебно со нашите соседи. Но, преку примерот на носење на премиерот на Република Македонија, во дадениот случај Зоран Заев не е отиден таму во приватна посета или како претседател на СДСМ туку како премиер на Република Македонија. Бугарија и бугарското раководство реално ако имале пријателски намери кон Заев и кон Македонија како држава, последен на кој што ќе го однесеа да се поклонува ќе беше царот Самоил. На снимката се гледа дека тој е цар на Бугарија, имаат така напишано Бугарите. За македонскиот народ, за македонските граѓани и за нас кои сме како луѓе растени во Македонија Цар Самоил е се, не е само бугарски цар, туку е македонски цар, има свое царство се нарекува Самоилово царство. Преку таа постапка Бугарите покажуваат дека единствено нешто што имале намера во тој случај е да го понижат, да го навредат македонскиот премиер, како тој се поклонува на бугарски цар, за кој што повторно ќе кажам, во македонската и бугарската историја е една од поспорните личности, изјави Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Пандов: Катица крајно опуштено не потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци кој по правило се наоѓаат во раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
-
Пандов: Пратеници од СДС, кога виделе колкава пара се врти и нуди за гласање, бараат и тие да бидат парично „појачани“