Министерот за надворешни работи Никола Димитров, иако СДСМ јавно се декларираше за транспарентност и отвореност, го крие договорот којшто за брзо време треба да биде потпишан со Република Бугарија. Тој најавува дебата со експертската јавност во нередниот период иако Зоран Заев најави дека договорот ќе биде потпишан на 2 Август. За прашање за кое со години се договара, Димитров планира во последниот период од десетина дена да вклучи експерти кои треба да дебатираат за прашања кои безмалку се веќе договорени.
–Во рамки на следниве 30-40 денови ќе направиме се што може вклучувајќи и експертска јавност, вклучувајќи и експерти. Ќе биде тоа и преставено на јавноста – изјави Димитров.
Министерот Димитров цело време го држеше договорот во тајност дури и по прашање на јазикот на кој ќе биде потпишан, за кое постои сомневање дека нема да гласи таксативно македонски јазик, туку „македонски јазик, согласно Уставот на РМ“, што е суштинска разлика.
–Ваше право е да ме прашате, а мое право е да кажам дека доаѓам до линија која штети. Ќе видиме како ќе биде кога ќе ги завршиме преговорите кои што мислам дека ќе бидат успешни – рече Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


