Богољуб Митиќ Ѓоша и неговата сопруга од серијата „Семејно богатство“ се виделе 10 дена пред неговата смрт.
Актерката Јелена Чворовиќ играше сопруга на Ѓоша во серијата и како што вели, ги испратила неговите големи моменти во кариерата. Јелена ракажала дека го видела Ѓоша само десет дена пред смртта.
-Глумевме заедно во таа прочуена култна серија. Многу ми е жал што почина, бидејќи беше млад. Се видовме десетина дена пред тоа и беше многу весел. Она што го забележав е дека беше многу здебелен и му реков:Аман, Боги што правиш со себе, ослаби малку, а тој на тоа ми рече:Кога ќе слушнеш експлозија, тоа јас експлодирав и рикнав!Тој не се пазеше воопшто, уживаше во животот, што ми беше многу драго. Го паметам по специфичниот шарм, иако не беше образован актер, имаше извонреден талент- рекла актерката.
-Кога прв пат го видов на проба во Кошутњак, сите колеги и јас рековме дека ќе стекне голема популарност и успех. На снимање поминувавме многу време заедно, имавме комични сцени. Се смеевеме и бевме многу радосни. Првата брачна ноќ, беше специфична и незаборавна. Се кикотевме, смеевме, не се знаеше кој е побудала од нас- рекла Јелена и додала дека тој не се жалел на некои здравствени проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќерката на Ѓоша бесна, јавно проговори за долговите на својот татко
-
Поради долгови ја запленуваат куќата на починатиот Ѓоша!
-
Се обвинува себеси за неговата смрт- ова е ќерката на Ѓоша, која го пронашла мртов!
-
На мојот син му должеа пари, секој ден се нервираше-потресна исповед на неутешната мајка на Ѓоша