
Градот што падна во четвртокот вечерта направи штети кај лозјата во Тиквешко, информира денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија“ од Кавадарци. Според него, оштетувањата на некои места достигнуваат и до 80 проценти.
– Сега сме на терен, можеме да кажеме дека покрај зимското и пролетното мрзнење, сега свој данок од лозовите насади земаа и градобијните зрна. Последици од невремето има кај двесте хектари површина под лозја – соопшти тој.
Апелираше до надлежните во државата да се формираат комисии, кои ќе ги проценат штетите, со цел отштета на лозарите, чиишто имоти претрпеа штети од невремето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


