| четврток, 6 декември 2018 |

Над 50 повредени во Лондон, станарите уште лани предупредувале за последиците во случај на пожар

Уште минатата година станарите од Гренфел Тауер, облакодерот во Лондон кој е зафатен од огромен пожар, предупредувале за последиците во случај на пожар во зградата.

„Акционата група Гренфел“ (ГАГ) која се занимава со подобрувањето на условите за живот во Западен Лакастер, уште во јануари 2016 година изразила загриженост за 120-те станови во Гренфел Тауер.

Според податоците на ГАГ, постои само еден влез и еден излез од зградата, а во случај на пожар „луѓето би останале заробени“.

Британските медиуми пренесуваат дека се верува дека во моментот кога избил пожарот во зградата имало околу 600 лица и дека најмалку 50 повредени се пренесени во болница.

За сега не е познато колку луѓе се спасиле од огнената стихија. Над 200 пожарникари и натаму се обидуваат да го изгаснат пожарот кој минатата ноќ го зафати облакодерот.

Во близина на зградата која е во пламен од првиот до последниот, 27-ми, кат распоредени се 45 противпожарни возила и 20 амбулантни возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top