Шпанскиот селектор, некогашниот голман на Барса, Хулен Лопетеги, нема официјален пораз како селектор на Шпанија, а во генералната проба пред мечот со Македонија, неговата селекција одигра 2-2 против Колумбија во Мурсија. На првиот натпревар во Гранада, Шпанците ја совладаа Македонија со 4-0. Пред мечот во Скопје, можеби и клучен ако се знае мртвата трка со Италија за првото место во групата, вели дека не се грижи за тревникот, туку за противникот.
-Не треба да се грижиме за теренот, туку за натпреварот и противникот. Очекуваме поинаков натпревар од оној кој го игравме во Гранада. Противникот сигурно ќе нападне, Македонците играат неколку одлучни натпревари, можеа да ја победат Италија на пример. Но, ние сме фокусирани на нашата игра, знаејќи дека противникот е спремен да го одигра најдоброто. Имаме голема желба за мечот и не сме уморни. Сметам дека трите бода од утрешниот меч можат да бидат одлучувачки. Не сум загрижен околу коментарите, единствено сум горд на моите момци и на нивниот ангажман. Во фудбалот не се навраќаме назад, мислиме само на натпреварот утре. Но, не се залажувам, мислам дека Македонија ќе не принуди на нашето најдобрo издание утревечер. Мислам дека никој не треба да мисли на Мундијалот, туку само на натпреварот против Македонија. Не размислувам за Мората и Диего Коста и за нивната иднина, тука сме за Шпанија и не би говорел на таа тема- смета Лопетеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето