| четврток, 6 декември 2018 |

За Франција и Германија Брегзит е неспорен, без разлика на исходот од изборите во Британија

Фрацускиот премиер Едуард Филип изјави денеска дека резултатите од изборите во Велика Британија претставуваат изненадување, но тие не ја менуваат одлуката на Лондон да ја нaпушти Европската унија.

– Британците се изјаснија, гласаа и им дадоа на конзервативците мнозинство, иако просто мнозинство, што е изненадувачки, рече Филип за радио Европа 1.

Тој меѓутоа додаде дека не треба овие резултати да се сфатат со тоа што под знак прашање ќе се доведува Брегзит, за што, како што рече,. британскиот народ јасно се изјаснил.

– Нема време за губење во преговорите за излегување на Британија од Европската унија, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, откако британската премиерка Тереза Меј го загуби аполутното мнозинство на изборите.

– Треба да почнеме преговори што е можно поскоро, бидејќи времето поминува, рече Рот за германската телевизија ЗДФ.

– Без разлика на тоа кој ќе формира влада во Британија, времето поминува…имаме помалку од две години за преговори за излегување, така што не треба да губиме време сега, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top