| четврток, 6 декември 2018 |

Фуере славеше роденден: Благодарам за убавите мисли од Македонија – „мала земја со големо срце“

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, вчера им се заблагодари на неговите пријатели на „Фејсбук“ за роденденските честитки, а особена благодарност упати до неговите пријатели од Македонија.

– Драги пријатели, пресреќен сум од прекрасните и љубезни пораки за мојот роденден. Благодарам од сѐ срце за убавите мисли, кои ги имаше многу од Македонија – „мала земја со големо срце“. Ви благодарам многу, и до следната средба следната година и помеѓу… – пишува Фуере.

ervan fuere rodenden

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top