Германската влада го блокираше предлогот за одобрување на двојно државјанство за стотици илјади имигранти, наспроти тоа што настојува да привлече образовани и обучени странци за да го ублажи недостигот на работна сила. Според владејачкото конзервативно мнозинство, намалувањето на пречките за работа на имигрантите во Германија е клучно за интегрирањето, додека давањето двојно државјанство би довело до паралелни општества.
Со овој закон најголема корист би имале турските иселеници во Германија, па опозиција ја обвини коалициската Влада за „антитурски став на раб на расизам“.
Германија не дозволува две државјанства, иако постојат исклучоци, како што се жителите на други членки на ЕУ и на Швајцарија. Децата на иселениците родени во Германија можат да имаат две државјанства до 18 години, кога мора да се определат за едно од тие два.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


