Синоќа северните делови од земјава беа зафатени од нестабилна воздушна маса, а најинтензивни грмежи и пороен дожд имаше во југозападниот и источниот дел од скопската котлина. Интензивни процеси има и во Кумановско и во Кривопаланечко, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје денеска ќе биде малку до умерено облачно, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 32 степени.
На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено денеска околу пладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.