| четврток, 6 декември 2018 |

Косово со повеќе гласачи од жители

Според резултатите од пописот на населението бројот на гласачите запишани во единствениот избрачки список во Косово е поголем од бројот на жители.

Во избирачкиот список запишани се 1.872.941 гласачи додека бројот на жителите е 1.739.000.

Ваљдете Дака, претседателка на Централната изборна комисија (ЦИК) истакнува дека се е  подготвено за изборите, независно од предизвикот оти изборите се организирани за кус временски рок. Таа при тоа го нагласува фактот што поради кусиот времнски рок дијаспората нема можност целосно да гласа.

– Косовската дијаспора е навистна голема. Иако не располагаме со точна бројка, сигурни сме дека има над 500.000 лица, кои живеат и  работат надвор од Косово. Кога беше спроведен пописот на населението  емигрантите не се попишани. Поради тоа бројот на гласачите е поголем од бројот на жителите на Косово,зашто според евденцијата на Министерството за внатрешни работи тие се државјани на Косово, објаснува Дака.

Таа додава дека за неколкуте дена, колку што траел рокот, аплицирале 20.000 косовски граѓани од дијаспората, а регистрирани се 15.000, чии гласови ќе стигнат по пошта, што навистна е незначителна бројка.

ЦИК првпат на овие избори ќе има главна улога во организирањето на изборите  во севернот дел на Косово, каде живее српско население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top