Еден од најдобрите десни бека во светот, Дани Алвес помина осум години и освои 23 титули во дресот на Барселона. Минатата сезона, каталонската екипа не сакаше да го продолжи договорот со Бразилецот, па тој реши да си замине и да се пресели во Јувентус.
Според резултатите со „старата дама“ изгледа не погреши, а оваа сабота ќе има шанса одново да застане на врвот на Европа и да го освои трофејот во Лигата на шампионите. На патот на Јуве стои Реал Мадрид, кој брка историја и се обидува да стане првиот тим кој го одбранил трофејот во новиот формат на ЛШ.
– Мислам дека многу погрешија со мене. Не се третира на таков начин фудбалер кој помина осум години во екипата и беше дел од најголемите успеси. Пред да си заминам им реков дека ќе им недостигам и мислам дека го исполнив ветувањето – изјави Алвес за својата поранешна екипа Барселона.
Нема сомнеж дека цела Каталонија ќе навива за Дани Алвес во финалето во Кардиф, како би се спречил најголемиот ривал да стигне до нов европски трофеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


