Во Струмица изминатите 24 часа наврнале 71 литар на метар квадратен воден талог, соопшти УХМР.
Струмица е под вода. На социјалните мрежи се упатува повик да помогнеме на струмичани.
Не е важно кој е градоначалник. Не се потребни ситење и терање подбишеги со една природна непогода во МАКЕДОНСКИ град, само бидејќи Заев е градоначалник на Струмица? – коментира новинарот Бобан Нонковиќ на фејсбук.
Не смееме да заборавивме на сочувство, солидарност и емпатија. Сите кои можеме да им помогнеме на оние што имаат штети од оваа природна непогода.
Солза за Струмица!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.