Еди Рама ги живее своите пет минути слава благодарение на црните тренирки и синото сако искомбинирани со црна маичка со принт најверојатно од Њујорк по последна тиранска мода, што ја испоромовира на средбата со Могерини во Брисел.
За сомнителниот избор на облека на Еди Рама, но и на Могерини, се зборува неколку дена, но архивските снимки сведочат дека модата за трк до Европа прв ја промовирал лидерот на интегративците Али Ахмети.
Очигледно е дека и Рама и Ахмети се држат до традицијата, но избрале различна традиција за држење. Од модното дефиле во Брисел, може да се заклучи дека Рама претпочита тренирките во црна боја да ги комбинира со сако во сина боја, карактеристична за социјалистите, а Али Ахмети, пак, на еден состанок пред две години се претстави со црно-црвени тренирки „Адидас“ и уште еднаш потврди дека го негува духот на предците и албанската традиција.
Дека се работи за ветеран наспроти јуниор доказ е тоа што Ахмети тренирките ги носи во комплет, а горната ја закопчува до врат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.