| четврток, 6 декември 2018 |

Поради операција, Сане ќе го пропушти Купот на конфедерации

leroj sane

Фудбалерот на Манчестер сити, Лирој Сане, ќе отсуствува од репрезентацијата на Германија за Купот на конфедерации поради операција на носот. Фудбалската федерација на Германија денеска соопшти дека Сане ќе го пропушти пријателскиот натпревар со Данска на 6 јуни, мечот против Сан Марино во квалификациите за Светското првенство во Русија, а и целото првенство од Купот на конфедерации, кое исто така ќе се одржи во Русија.

– Сакав да играм во Русија, но по консултациите со докторите, одлучив летната пауза да ја искористам за опоравување од операцијата, за да можам новата сезона да ја започнам без никакви потешкотии – истакна Сане.

Лирој Сане за „панцирите“ има одиграно шест официјални натпревари. Купот на конфедерации започнува на 17 јуни, а ќе трае до 2 јули. Натпреварите ќе се играат во градовите Москва, Санкт Петербург, Сочи и Казањ. Германската репрезентација e во групата Б, и ќе игра против Камерун, Чиле и против Австралија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top