| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе биде готова до септември: Финишира обновата на охридската болница „Св.Еразмо“ (Фoтo)

gruevski-ohrid-bolnica

Реконструкцијата на охридската болница „Св. Еразмо“ се очекува да заврши до септември годинава. На истата интензивно се работи повеќе од една година, а за четири месеци ќе биде завршена.

Увид во градежните активности денес извршија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров.

Од она што беше истакнато, во врска со одделот на интезивна нега, е дека по завршената реконструкција секој пациент на интензивна ќе биде сам во соба.

1gruevski-ohrid-bolnica1-768x576

По завршувањето на реконструкцијата, планирано е Кардиолошкиот завод и кожната болница да бидат префлени во болницата „Св.Еразмо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top