| четврток, 6 декември 2018 |

Јаја Туре има големо срце, донираше 100.000 фунти по терористичкиот напад во Манчестер

jaja ture

Фудбалерот на Манчестер сити, Јаја Туре, заедно со својот агент одлучи да донира 100.000 фунти како помош по актот на тероризам што се случи во Манчестер, на концертот на американската пејачка Аријана Гранд, по кој загинаа 22 лица, а десетици се повредени. Потврдено е и дека бомбашот самоубиец е Салман Абеди, а ИСИЛ ја презеде одговорноста за овој терористички чин.

– Ова што се случи е навистина страшно. Сакам да им искажам сочувство на семејствата на настраданите и во овој момент да дадам поддршка на сите што тоа им е потребно – истакна Јаја Туре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top