Помалку од 24 часа не делат од свеченото отворање на Филхармонијата. Новиот објект на Македонската филхармонија со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики според сите светски стандарди ќе биде отворен в недела во 19 часот со ексклузивен концерт на Филхармонијата со која како солист ќе настапи нашиот светски етаблиран пијанист Симон Трпчески. Македонската филхармонија, која е најстара институција од областа на музичкосценската дејност во Република Македонија, новиот објект го добива по 73 години од постоењето.
Фотографот на Вест ги направи првите фотографии од генералната проба во новиот објект. Целата фотогалерија можете да ја погледнете на овој ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Авангардни патишта“ – концерт на Дејв Вилсон и Ричард Валитуто
-
Музика од научнофантастични филмови со Македонската филхармонија
-
Овој четврток: Врвниот тромбонист Џозеф Алези со Македонската филхармонија на симфонискиот концерт „Руска игра“
-
Бетовеновата „Деветта“ утре во Македонска филхармонија под диригентската палка на Густав Кун