Албанската Влада денеска воведе построги казни за извршителите на убиството и други тешки злосторства во настојување да ја сузбие крвната одмазда, насилството и широко распространетото илегално поседување оружје.
Албанскиот министер за правда, Едуард Халими, ги обелодени денеска новите прописи, во согласност со кои минималната казна за убиство е зголемена од 25, на 38 години затвор, а за илегално поседување оружје од 7, на 15 години затвор, во двата случаи без право на поднесување барања за издржување условна казна.
Насилството во кое дошло до сериозни повреди носи казна од 20 години до доживотен затвор, во споредба со сегашната казна од пет години затвор.
Албанскиот Парламент го одобри заострувањето на казните во мај.
Високата стапка на криминалитет во Албанија претставува голема загриженост пред општите избори на 23 јуни, за што често се обвинува широко распространето поседување оружје, со што придонесе за народниот бунт во 1997 година кога се ограбени продавниците за оружје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


