Еден од ,,гревовите“ на Никола Груевски што неговите омилени и безалтернативни партнери, не му ги проштеваат е тоа што пресели дел од државните и национални институции на колонизираниот лев брег на Вардар. Во Чаир ни ја врати татковината. Им влезе во џигерот на натрапниците балисти и нивните евро-атлантски господари, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна Не продавајте си ја земјата!.
„Затоа преку соросоидните петтоколонаши и платеници, а со помош на УСАИД и со водство на СДС се изведе најгротескната претстава за жигосување на ,,Скопје 2014“. Божем за парите што се трошеле на споменици им било, божем архитектурата не ја одразувала македонската мултиетничност или традиции. Не бе батки, секогаш кога тргаат вакви претстави, научете еднаш да не лапате дудинки без да промислите како да сте кленови. Целта беше и, за жал, ја постигнаа: Општините кои не се Скопје, да гледаат во централната власт свој непријател. Сега, кога централна власт немаме, дојде време да се окупираат општините. Финалето ќе уследи потоа. Kако што е познато, секоја војна завршува на преговарачка маса. Западниот Балкан го чека такво финале.“
„Изораните ниви кои претходно беа стрништа што ги запалија и исчистија од разум и одговорност, и на нив посеаја ГМО-семе од кое никнаа зомби-хуманоиди без самосвест и без корен, подвидови од секакви профукњачи, на таа преговарачка маса ќе бидат врвниот факт кој ќе одреди кој е стопан на Македонија. По дејтонската операција, кога територијално се делеше БиХ, Србите што ја загубија војната со странска интервенција, победија само со едно: на преговорите ги извадија тапиите и имотните листови на своето население. Така се исцртаа денешните граници. Така и опстоја до денес Република Српска. За разлика од Kосово каде што Србите во долг процес се повлекуваа пред налетот на албанските цели. И за разлика од Македонија каде што Македонците од западните делови постојано си го прадоваат татковото наследство. Државата односно, нејзините управувачи, политичари и администрација заради алчност, коруптивност и партиски интереси се големи виновници за овој процес и денешни состојби, па сепак, тие се небитни за крајниот исход.“, пишува Велиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.