35 годишниот Џејмс Сисом и 32 годишната Ешли Шмајдер знаеле дека класична венчавка не е за нив. Една година го планирале потфатот и се соочиле со сите опасности, студот, заморот, но успеале се венчале на Монт Еверест.
По долго размислување одлучивме дека традиционална венчавка не е за нас. Колку и да сакавме тој момент да го споделиме со семејството и пријателите, и двајцата не привлече оваа идеја. Ние ја сакаме природата, веќе имавме искачено 4 200 метри, но знаевме дак патот до базниот камп на Монт Еверест ќе биде многу потежок, и физички и психички, од се што претходно сме доживеале вели Ешли.
Го убедиле фотографот Чарлтон Черчил кој тргнал со нив од Калифорнија и успеале!
На 5 180 метри надморска височина, тие го рекле судбоносното ДА, а Черчил го овековечил моментот!
Сакав да го документирам патот до венчавката, со се што ги следеше болка, борба, среќа, умор, но и љубовта што ја чувствуваат еден за друг. Уште повеќе, сакав да го доловам моментот на контраст меѓу величествената планина и кревката љубов меѓу двајца рече Чарлтон Черчил, фотограф специјализиран за документирање на авантури и ризични потфати.
По венчавката, Ешли и Џејмс ги чекал хеликоптер да ги врати дома.
avax.news
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст