Маж се бори за живот на скопските клиники, каде бил донесен поради сериозноста на повредите. Инцидентот се случил вчера околу 19.00 часот во с.Василево, струмичко, во дворот од куќата на Д.Ц.(41).
По претходна расправија, дошле браќата Ѕ.А. (36) и М.А. (32), двајцата од истото село, по што Ѕ.А. со лопата го удрил Д.Ц. во пределот на телото, а потоа со мотика, односно со сечивото, го удрил во пределот на главата, нанесувајќи му повреди.
Д.Ц. со возило бил пренесен во Медицински центар Струмица од каде, по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Истиот се наоѓа во животна опасност.
Сторителот и неговиот брат се лишени од слобода и приведени во СВР Струмица. Предметите со кои е извршено делото се обезбедени.
Во присуство на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


