| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија изрази загриженост од создадената тензија во Македонија

Изразувам длабока загриженост од создадената тензија во Република Македонија и судирите во Парламентот, што доведоа до неколку десетици повредени лица, меѓу кои и пратеници, се посочува во изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев за ситуацијата во Република Македонија, соопшти неговиот прес-секретаријат.

Радев ги повика сите партии во Република Македонија да го почитуваат демократскиот процес и да водат дијалог, пренесува БТА.

-Демократијата и правниот поредок се патот за излез од кризата. Верувам дека Република Македонија нема да застрани од овие eвропски вредности, се посочува во ставот на бугарскиот претседател.

Претседателот ги повика и бугарските граѓани на мир.

-Под раководна палка на вицепремиерот Стефан Јанев синоќа беше свикана итна средба на министерот за внатрешни работи и компетентните служби, на која беше направена анализа на ситуацијата и е констатирано дека нема непосредни ризици за Бугарија, се наведува во соопштението од прес службата на шефот на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top