Покажавме дека сме посилни од Тиранската платформа и од нивните планови и намери, речиси два месеци со неколку победи позади нас, можеби ви здосадиле но убаво е да се знаат бидејќи тие се патот до финалната победа. Во превод ниту денес не избраа претседател инема да изберат, планот нема да им успее граѓаните ќе победат, избори ќе има, рече Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
-Изборите се патот ако навистина сакаат да менуваат име знаме, грб, химна и повелете излезете на избори па ќе видите како ќе си поминете. Ние немаме проблем да ја сакаме Македонија онаква каква што е мултиетничка за сите со сите нејзини граѓани, она што не го разбираат, она што го мислеа дека само три четири дена ќе сме на улица и ќе си одиме дома, но не можат да сфатат дека ние беспоштено ја сакаме оваа земја не ја мразиме оваа земја и не мразиме никого и никој нема да ја протне таа лага дека вие во Скопје и на сите други на 40 локации во оваа земја изминативе 59 дена мразите некого, напротив ние имаме само љубов кон оваа земја и затоа сме тука и ќе продолжиме колку што треба, истакна Илиевски.
Тој потенцираше дека е горд на сите и радосен бидејќи во изминативе два месеци не е фрлен ниту пикавец на улиците, а некои други што протестирале тоа го правеле со кршење, со уништување на споменици, додека тие протестирале со песна и со ширење пораки за љубов, за почит и за доствоинство, неко јавно кажува дека едвај чека да ја свитка кичмата додека тие нема да го дозволат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст