Денеска поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ поддршка дадоа и рибарите, тие порачаа дека племето на Македонците е пиреј и дека сме неуштливи.
-Сакам да ви се обратам од името на македонска риболовна федерација, нашите членови јасно и недвосмислено застанаа зад граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Во една книга писателот Петре М. Андреевски вака напишал: „Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска“. Пиреј е троскотна трева, колку сакаш корни ја, куби ја, таа пак не умира, само малку да се допре до тревата пак ќе се фати, е тоа сме ние Македонците драги мои, колку да не газат и уништуваат, пак сме овде, бројни, сплотени и неуништливи, изјави Бранко Јанушев, претставник до Риболовната федерација.
Тој во име на рибарите порача дека јазикот е наше најголемо духовно наследство и дека ние мораме да го чуваме како нешто најсвето.
-Ние сме тука за да застанеме гордно зад нашата држава и нашиот јазик, јазикот е нашето најголемо духовно наследство и ние мораме да го чуваме како нешто најсвето. Ние си ја сакаме татковина и нема да дозволиме никакви платформи, кои влијаат на нашата иднина и на иднината на нашите деца. Јас како претставник на македонска риболовна федерација гласно го искажувам нашиот отпор против двојазичноста, менување на химната, знамето, грбот, парите. Црвената линија е помината, но црвено-жолтата нема да дозволиме, изјави Јанушев.
Тој порача дека тие ќе продолжат да го искажуваат отпорот секој нареден ден, за заштита на унитарноста на Македонија.
Нема да дозволиме да се инсталира тиранска платформа, платформа која ќе значи крај на унитарноста на нашата Македонија, платформа која ќе доведе до федерализација. Никој нема право да го направи тоа без наша поддршка, поддршка од мнозинството граѓани. Ќе продолжиме да го искажуваме отпорот и денеска и секој нареден ден, за да ја зачуваме нашата унитарна Македонија. Дојде мигот кога секој од нас треба да се запраша и да посвети пет минути на македонската свест, дали сторил доволно. Нашата татковина не се брани со продажба на државни интереси, се брани со душа, со срце, со љубов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст