| четврток, 6 декември 2018 |

Студено утро со негативни температури, снег во Маврово и Крушево

The rainy weather turned windy and cooler Wednesday, Feb. 24, 2016 for lunchtime walkers on Market Square.   (MICHAEL PATRICK/NEWS SENTINEL)

­ Во Лазарополе утрово е измерена најниска температура од минус 7 степени. Во Крушево и Маврово се измерени ­- 5, во Берово – ­4, во Пожаране, Ѓуриште, Претор и Охрид ­- 2, во Петровец и Битола – ­1, во Струмица, Тетово, Крива Паланка и Виница по 0, а Куманово и Штип 1, во Скопје и Демир Капија 2, во Дојран 4 и во Гевгелија 5 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Маврово, каде се измерени два, а во Крушево и Охрид по еден литри на метар квадратен. Во Крушево и Маврово изутринава во 8 часот е измерена снежна покривка од 1 и 3 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и источните делови. Во претпладневните часови во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 6 до 13 степени.

Во Скопје слично време со засилен северозападен ветер и дневна температура до 10 степени. Викендов утринските температурите на повеќе места ќе бидат околу или под нулата, додека дневната температура од сабота ќе биде во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top