Најновите фотографии испратени од специјалниот ровер на НАСА „Кјуриасити“ од Марс повторно предизвикаа голем интерес во светската јавност откако на дел од нив се забележани фигури кои наликуваат на животни кои ги има во истиот облик и на Земјата.
На една од фотографиите се гледа тело на глушец како лежи меѓу камењата, на кој јасно му се оцртани очите и ушите, како и предниот дел на телото со предните екстремитети.
Набрзо по објавувањето на фотографијата, на интернет се појавија шпекулации дека глушецот на Марс бил оставен од НАСА за да се истражи животот на другата планета. Ако тоа е точно, во случај глушецот на може да преживее, би се отвориле патиштата и за многу други истражувања и преселба на други организми од нашата планета.
Други научници пак, тврдат дека не станува збор за вистинско животно, туку дека тоа е камен кој само изгледа како глушец. Според нив, животот на Марс е невозможен поради сувата и ладна клима.
Како и да е, глушецот веќе стана хит на интернет каде се водат дискусии за неговиот опстанок на Марс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Марс Инсајт“ слета на Црвената планета (видео)
-
Македонскиот радиски фестивал прославува јубилеј: Групата „Меморија“ ќе добие признание за трајни вредности
-
Кина ќе гради „марсовско село“ на Тибетанската висорамнина
-
Научниците откриваат: Одењето на Марс значи двојно поголем ризик за заболување од рак



